Силјановска Давкова до пратениците од власта: Не климајте со глава, немате појма од право

Од:

Дофрлања од место, довикувања, аплаузи во собраниската сала за време на денешната расправа за изборот на членовите на собраниските тела. Ова следеше откако пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова од говорницата посочи дека кадрите што влегуваат во комисиите треба да имаат познавања од областа каде што се поставени и предложи за сите нив Собранието да има увид во нивните професионални биографии по примерот на Словенија. Некој од пратениците од власта изреагира гласно по што таа се налути обраќајќи им се со зборовите:

„Не климајте со глава, немате појма од право“, рече Давкова.

По ова следеше аплауз од пратениците од опозицијата, а оние од власта продолжија да дофрлаат од собраниските клупи, а Силјановска продолжи во истиот контекст:

„Што се замислувам- професор „honoris causa“. И Ве молам од место да не комуницирате, така вели Претседателот. Но, не невообичаено тоа, да имаме такви кадри, кога еве денеска имаме 67 подготвени само за кревање рака“, рече Силјановска Давкова.

На препирањата на Силјановска и пратениците од власта, интервенираше спикерот Џафери кој обраќајќи и се на пратеничката рече дека таа нема право да ги класифицира пратениците по образование и стручност затоа што се избрани од граѓаните.

„Немате право да оспорите право на друг пратеник. Без оглед на што мислевте, немате потреба да му се обратите на пратеник и да му кажете дека нема појма од право. Имавме претседател на комисија со електро-технички факултет и не гледам спорно ништо, тука. Немате право да се мешате во изјаснувањето на пратениците. Кој е „за“ , кој ќе крене рака,нормално, а ако има копче ќе притисне на него. Не сме на Правен факултет, а доколку имаме потреба, ќе ве бараме за совет. Избрани сме од граѓаните, и тие имаат единствено право да го отповикаат нашиот мандат“, рече Џафери обраќајќи и се на Силјановска.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски