Детската едукативна интерактивна претстава „Дружината на Лајко Сезнајко”, која е дел од проектот „Животните од фармата”, реализиран од здружението „Видливост“ од Струмица, а финансиски поддржан од Општина Струмица, вчера гостуваше во Прилеп, на Детскиот фестивал „Силјан Штркот, информираше актерката Јулија Милкова.
-Претставата доби добри критики, а наиде и на одличен прием кај децата и родителите. Им благодариме на организаторите за поканата и што е најважно за нас присутните деца интерактивно учествува во претставата, рече Милкова.
Претставата досега повеќе пати e одиграна пред деца во градинките во Струмица и ученици во основните училишта, а гостуваше во Валандово и Радовиш.