Откако бил претепан поради кавга околу висока сметка во кафеана, почина внукот на легендарниот борец за човекови права Малколм Икс.
Сопственикот барал да се плати сметката од 1.200 долари и почнала тепачка, по што тој е префрлен во болница каде подлегнал на повредите, потврдија американски претставници во Мексико.
Американецот Малколм икс, беше афроамерикански лидер и борец за човекови права во однос на правата на црнците во САД.
Убиен е додека држел говор во Њујорк во 1965 година.