Екипите на Мајами и Сан Антонио постигнаа победи на ноќешните натпревари во плеј-офот од НБА лигата и со тоа поведоа со 2-1 во добиени натпревари против Чикаго односно Голден Стејт.
Мајами го победи Чикаго со 104:94, Леброн Џејмс со 25 поени беше најефикасен, додека Крис Бош имаше 20 поени и 19 скокови. По три четвртини резултатот беше нерешен 74:74, а Мајами го доби последниот период со 34:24.
Со десет поени разлика заврши и вториот натпревар, Сан Антонио победи со 102:92. Разврската на овој дуел беше направена пред почетокот на последната четвртина. Најефикасен на натпреварот беше Тони Паркер со 32 поена.
Вечерва се играат натпреварите Индијана – Њујорк и Мемфис – Оклахома Сити. И на двата дуела скорот во победи е 1-1.