Запалки за рачни бомби откриени во река Брегалница во околината на Штип

Од:

Штипската рибочуварска служба откри дваесеттина запалки за рачни бомби во река Брегалница.
Синоќа рибочуварот случајно открил 18 парчиња, а денес дополнително на истото место биле откриени уште десеттина запалки.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување утврдил дека се работи за така наречени школски бомби што се користат за вежбовни активности.

Иако сами по себе не се опасни станува збор за експлозивна направа која не содржи многу експлозив нестручното ракување со нив може да остави трајни последици.

Се претпоставува дека од овие запалки се ослободило лице кои ги стекнало на незаконски начин или запалките требало да им послужат на рибокрадци кои сакале со ексползив да ловат риба .

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец