Перо Антиќ втора година по ред ќе игра во финалето во Евролигата откако грчки Олимпијакос во првиот полуфинален натпревар попладнево славеше над ЦСКА со 69-52.
Во репризата на минатогодишното финале од најсилната европска кошаркарска лига, екипата на Олимпијакос повторно славеше над руска ЦСКА и се пласираше во големото финале.
Грчкиот тим одново беше одличен под својот кош, но и доста ефикасно во нападот. Нашиот репрезентативец Перо Антиќ одигра одличен натпревар постигнувајќи 13 поени и три скока, а токму Антиќ во финишот од третиот период со четири поени во низа ја направи најголемата разлика на натпреварот во тој момент (53-36 за Олимпијакос).
Олимпијакос ќе го дознае противникот во финалето вечерва по вториот полуфинален натпревар помеѓу најголемите шпански ривали, Барселона и Реал Мадрид.