Османи: Билатералните комисии со Бугарија и Грција наскоро продолжуваат со работа

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денес оствари одвоени средби со македонските членови во трите билатерални комисии, и тоа: во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција; во Меѓународната група на експерти за имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци со Грција; како и во Заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

„Веќе подолг период, соочени со предизвиците од Пандемијата и последните парламентарни избори, од објективни причини се забави работата на комисиите. Имајќи ја предвид важноста на овие теми, нашиот приоритет за активен придонес во продлабочување на добрососедските односи, а во согласност со Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, очекуваме овие комисии да продолжат со работа, да имаме еден вид рестарт на нивните активности, и со тоа да се придонесе во надградбата на довербата“, истакна Османи, упатувајќи благодарност до членовите не Комисиите за нивната досегашна работа и постигнатите резултати.

Министерот Османи посочи дека се преземаат сите потребни активности и подготовки во најскоро време на комисиите да им биде овозможено продолжат со работа, а што ќе биде предмет на координација со нашите пријатели од соседството.

Би можело да ве интересира

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје