Во Албанија официјално се регистрирани вкупно 54 илјади деца на возраст од пет до 17 години, кои работат, јави дописникот на МИА од Тирана.
Студијата изработена од Институтот за статистика потврдува дека 7,7 отсто од албанските деца на оваа возраст на територијата на целата земја, работат во земјоделството, трговијата, градежништвото, рударството.
Но, голем проблем остануваат многуте часови минати на работа и тешките услови, со кои, овие деца работници се соочуваат секојдневно за да обезбедат минимални приходи за живот.
– Истражувањето евидентирало дека 2,5 отсто од вие деца кои се од машки пол работат во градежниството и рудартсвото, со продолжено работно време и ни најмалку нормални услови, додека 2,7 отсто работат на пазар или на улица, каде секојдневно мора да се соочуваат со екстремни температури, но и со чад и прашина.
Еден добар дел од децата го напуштиле училиштето и работат со продолжено работно време. Прашањето станува уште поболно кога се знае дека албанскиот закон забранува работа за деца на возраст од пет до 13 години, кои не треба да работат ни едне час неделно, а тие претставуваат 28,5 отсто од децата кои работат, стои во студијата.
Според Инситутот, 28 отсто од децата–работници се во околијата Елбасан, 19 отсто околијата Корча, 13 отсто околијата Скадар, девет отсто Тирана. Поголем дел од децата се повредиле при работа и манифестираат премореност или други заболувања.
Фото: Гардијан