Првото издание на Скопски градски фестивал ќе се одржи вечер на плоштадот Мајка Тереза. Фестивалот е во организација на Баги Комуникации, а со поддршка од Град Скопје.
Програмата на фестивалот, како што соопштија организаторите, е концепирана по урнек на градските музички фестивали во Европа и светот. Тој е еднодневен фестивал, концепиран како градски музички фестивал, со програма од различни музички жанрови и учество на македонски уметници.
На првото издание на Фестивалот, граѓаните на Скопје, но и сите кои ќе се одлучат да го посетат, ќе можат да ја погледнат музичката комедија „Телефонот“ во режија на австриската режисерка и кореограф Uschi Horner а ќе учествуваат двајца оперски пеачи и двајца музичари.
– Еден од најпознатите етно музички состави кај нас, „Баклава“ токму на првото издание ќе го прослават јубилејот – 15 години музичка кариера. Биба Додева, пак, ќе има концертна промоција на својот најнов музички проект – албумот „Незаборавни”, наведуваат организаторите.
На Фестивалот ќе настапи и македонскиот пијанист Бобан Мирковски, како солист кој ќе ги изведе композициите „Рапсодија во сино“ (George Gershwin) и „Атараксија“ (Љупчо Мирковски), а ќе настапи под диригентска палка на Љупчо Мирковски во придружба на Биг Бенд.
– И покрај тоа што Фестивалот ќе се одржува на отворено, заради следење и почитување на протоколите за одржување на настани на отворено, пуштени се ограничен број на вленици по цена од 200 денари. Тие може да се купат онлајн и на сите продажни места на www.kupikartizase.com, најавуваат организаторите.
Заради зачувување на здравјето на учесниците и посетителите, тие апелираат на почитување на мерките за заштита.