Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) денеска, во 11 часот, по четврти пат ќе доделува награди за периодот меѓу два саема (мај 2019 – септември 2020) во промо центарот на Саемот на книгата.
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по тридневно разгледување на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, донесе одлука да додели по три награди во шест категории и едно специјално признание за признание за „Промотор на читателска култура“.
Првото место во категорите „Најдобра едиција“ и „Најдобро ликовно-графичко уредено издание“ да ја додели на „Македонски книжевни класици“ – Петре М. Андреевски („Арс ламина“). Во категоријата „Најдобра книга за деца и млади“, првото место го доби „Мочурливци“ од Барбара Симонити, со илустрации на Петар Шкерл, а во превод од словенечки на Дарко Спасов („Три“). Првото место за најдобар домашен автор оди во рацете на Петар Андоновски „Страв од варвари“ (Или-или).
Илустрираниот роман „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита Муча (Чудна шума) го доби првото место во категоријата „Најкреативно издание“. „Карантински приказни“ на „Три“ е првонаградено дело во категоријата „Поттикнување на општествена одговорност“. Кампањата „Читањето е супермоќ“ на Арс ламина доби специјалното признание за „Промотор на читателска култура“.
Прво место во категоријата „Признание за иновативност“ го доби Електронската апликација на Kniga.mk на Издавачкиот центар Три.