Протести во Богота поради насилна смрт на сограѓанин

Од:

Стотици жители на колумбиската престолнина Богота протестираа поради убиството на еден нивни сограѓанин, откако беше приведен од полицијата, поради кршење на мерките за физичка дистанца поради пандемијата на коронавирус.

Хавиер Умберто Ордоњес (46) бил уапсен од полицијата вчера за пиење алкохол на улица во друштво на други лица.

Пред да биде приведен, двајца полицајци го притиснале на земја и неколку пати употребиле електрични удари врз него, и покрај неговите молби да прекинат. Снимката од настанот е објавена на социјалните мрежи.

Ордоњес, татко на три деца, потоа бил однесен во полициска станица, каде што, според роднини и пријатели, исто така бил малтретиран, пред да почине во болница.

Градоначалничката на Богота, Клаудија Богота рече дека тоа е пример за „неприфатлива полициска бруталност“.

Протестот се одржа пред полициската станица, а некои од демонстрантите ги искршија прозорците на зградата, додека едно полициско возило беше испишано со графити.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски