Распишан конкурсот за доделување месечна стипендија на талентирани ученици во Берово

Од:

Општина Берово го распиша конкурсот за доделување месечни стипендии на талентирани ученици за учебната 2020/21 година. Врз основа на одлука на Советот годинава ќе се доделуваат стипендии на 10 талентирани ученици во Општинското средно училиште “Ацо Русковски” Берово.

-Согласно правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија, Општина Берово во рамките на учебната 2020/2021 година ќе додели месечна стипендија во износ од 2.000 денари, на 10 талентирани ученици во ОСУ „Ацо Русковски“. Стипендиите ќе се доделуваат во период од 9 месеци или колку што трае учебната 2020/2021 година. Целта е да се поттикнат учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно-образовната работа и слободните активности како и да го афирмираат училиштето и општината во државни и меѓународни рамки, информираа од општината.

Со право на стипендија, како што додадоа можат да се стекнат талентирани ученици кои постигнале особени резултати во воспитно образовната работа и слободните активности.

-Документите кандидатите треба да ги достават во хартиена форма, директно во архива на општина Берово. Рокот за пријавување на кандидатите за користење на општинска стипендија, е најдоцна до 21 септември 2020 година. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да се разгледуваат и бодуваат, додадоа од општината.

За информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите, од општината зантересираните кандидати ги упатија да се обратат до Одделението за јавни дејности при општина Берово. Конкурост како што додадоа е објавен и на општинската веб-страница.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово