Пратеникот Николовски набљудувач од ПС на ЕС на изборите во Бугарија

Од:

Пратеникот Александар Николоски од име на Групата на европски народни партии е назначен за член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија на 12 мај 2013 година.

Како што соопшти денеска собраниската прес служба Комисијата која е составена од 19 членови, ќе престојува во Бугарија од 10 до 13 мај и ќе оствари средби со шефот на Мисијата на ОДИХР во Бугарија, претседателот на Централната изборна комисија, претседателот на Врховниот управен суд, претставниците на политичките партии застапени во Парламентот, како и со претставниците на граѓанското општество и медиумите, пред набљудувањето на гласањето на 12 мај по избирачки места низ целата држава. Пратеникот Николоски на денот на гласањето ќе биде распореден во регионот на Софија.

Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на избори има воспоставени норми базирани на принципите на демократија, плурализам и почитување на правото на слободни избори.
Процесот на набљудување има истовремено техничка и политичка природа. Техничкото набљудување се фокусира на адекватноста на корпусот на закони според кои се одвиваат изборите, но тие не можат да бидат одвоени од политичкиот контекст во кој се одвиваат. Набљудувањето на изборите е важен елемент за утврдување на демократскиот капацитет на една држава.

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ