Рикер: САД ја поддржуваат истрагата за трговија со органи на Косово

Од:

Заменикот-помошник на американскиот државен секретар на САД Филип Рикер изјави дека Вашингтон целосно ја поддржува истрагата за трговија со органи на Косово, додавајќи дека таа ќе биде долга и сложена и затоа не сака да ги прејудицира нејзините резултати.

Тој на седницата на Хелсиншкиот комитет при Конгресот на САД, која била посветена на ситуацијата во Албанија, одговарал на прашањата на конгресмените, од кои едно било посветено и за случајот „Жолта куќа“.

– САД многу сериозно ги разгледуваат сите обвинувања за воени злосторства и целосно ја поддржуваме истрагата за наводите во извештајот на Дик Марти, истакна Рикер.

Тој укажа дека истрагата ја спроведува специјален тим на ЕУЛЕКС, додавајќи дека таа е многу сложена, бидејќи постојат повеќе правни јурисдикции на држави кои се вклучени во целата постапка.

Рикер оцени дека веќе е постигнат добар напредок во истрагата, бидејќи се собрани докази, но не сака да го прејудицира конечниот исход. Тој ги пофали властите во Србија, на Косово и во Албанија, како и другите во регионот, поради соработката во врска со ова прашање.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа