Напад врз соработници на Навални – на многумина им се слошило откако била фрлена непозната материја

Од:

Снимки од надзорни камери покажуваат напад врз најмалку тројца доброволци поврзани со опозицискиот тим на Алексеј Навални во Новосибирск.

Маскиран напаѓач влегол во канцеларијата и фрлил непозната материја меѓу вработените. На повеќето од доброволците им се слошило, а тројца биле пренесени во болница поради тешкотии со дишењето, пренесува Си-ен-ен.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се разбуди вчера од индуцирана кома и реагираше на дразби. Берлинската болница каде што беше пренесен на лекување додава дека е рано да се процени долгорочниот ефект на труењето.

На 44-годишниот Навални му се слоши на домашен лет во Русија минатиот месец. Германската влада смета дека Навални бил несомнено отруен во Русија, на аеродромот, непосредно пред летот, со отров од типот новичок, супстанца која своевремено била изработена за воени цели.

Москва ги негира ваквите обвинувања. Главниот токсиколог на сибирската болница, каде најпрво се лекуваше Навални, Александар Сабаев, рече дека прво само се посомневале во труење.

Поради ова, официјален Париз објави дека го одложува состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на Франција и Русија закажан за 14 септември во Париз.

-Со оглед на сегашните околности и по размената со руските власти, беше одлучено да се одложи состанокот на Француско-рускиот совет за соработка во врска со безбедносните прашања за подоцнежен датум, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Ањес фон дер Мил.

Поради случајот Навални, може да биде доведена во прашање и предвидената посета на претседателот Макрон на Москва во следните недели.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он