Лукашенко: Може сум малку предолго на функцијата, ама само јас можам да ја заштитам Белорусија

Од:

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ја дозволи можноста дека е предолго на функцијата шеф на државата, но, воедно смета дека само тој е во состојба да „ги заштити Белорусите“.

Ова свое мислење Лукашенко го даде во заедничко интервју за повеќе руски медиуми.

-Да, можно е да останав малку предолго. Но, во реалноста, сега само јас сум во состојба да ги заштитам Белорусите , рече Лукашенко.

Долговечниот белоруски претседател, кој е на позицијата од 1994 година, додаде дека нема да ја напушти власта и покрај протестите на опозицијата, но и дека не ја исклучува можноста за предвремени претседателски избори, кои може да се одржат по донесувањето на уставните реформи.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина