Објавен романот „Вон жариштето“ од италијанската авторка Кјара Карминати

Од:

Во издание на „Бата прес“ објавен е романот „Вон жариштето“ од италијанската авторка Кјара Карминати. Делото на македонски јазик го преведе Калина Јанева, а е објавено со поддршка на Министерството за култура и ЕУ во програмата „Креативна Европа“ со која е прифатен проектот на „Бата прес“ под наслов „Време е за книга“, со кој е предвидено објавување на дела за млади од 10 познати европски автори.

Првата промоција на делото ќе биде во официјалната програма на Промотивниот центар на Саемот на книгата во Скопје на 10 септември.

Дејствието на романот се одвива во Првата светска (Големата) војна од 1914 до 1918 година на северот на Италија, порано дел на Австро-Унгарија. Приказна за една фамилија раскажана од едно весело, младо девојче…. Тринаесет раскажани слики, формираат нарација базирана на дневници, сведоштва, извештаи и документи.

Кјара Карминати (Chiara Carminati) е родена е во 1971 година во Удине, Фурланија. Дипломирала современа книжевност на Универзитетот во Трст а на постдипломски студии била во Франција. Добитничка е на бројни книжевни награди, меѓу кои и наградата „Андерсен“ за најдобра авторка за 2012 година. За романот „Вон жариштето“ (2014) ги има освоено наградата „Обрил“ (2015) на Здружението на независни детски библиотеки, наградата „Алваро-Биџарети“ (2015), наградата за литература за деца „Лаура Орвието“ (2013-2015), како и наградата „Стрега“ (2016) за деца. Меѓу нејзините најпознати дела може да се издвојат: „Морето во песна“ (2000), „Карневал на животните“ (2004), „Четири годишни времиња“ (2004), „Тековен дневник“ (2009), „Последната Бахова фуга“ (2012) „Убави ѕверки“ (2013), „Што е тоа пријател“ (2016) и многу други.

Би можело да ве интересира

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

Михајло Свидераки добитник на наградата за проза за романот„Синовите на Адам“

Рациново признание за Фросина Пармаковска

Објавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш

Нов роман на Фросина Пармаковска

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур