Сообраќајка на Партизанска, повредени неколку лица

Од:

Утрово околу 7 часот и 10 минути се случила сообраќајна незгода на крстосницата од бул.„ Партизански одреди“ со „8 Септември“ помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски таблички и товарно возило комби „мерцедес“.

„На 08.09.2020 во 07.00 часот на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(47) од с.Гарани, кичевско и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(36) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се здобиле возачот на патничкото возило С.И. и сопатниците во истото возило Б.В.(33) од с.Врановци, гостиварско и
В.Д.(21) од с.Арачиново, скопско. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило, М.Х.(32)од с.Врапчиште, гостиварско и С.Б.(47) од с.Брњарци, скопско. И тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје,“ соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Предраг Петровиќ

Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје