Берлин до Лукашенко: Кој ја одведе опозиционерката Колесникова?

Од:

Германија го повика претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, да појасни што се случило со опозициската лидерка Марија Колесникова, по веста дека таа утрово била киднапирана во Минск од страна на непознати лица.

Соработниците на Колесникова велат дека утрово, непознати маскирани луѓе ја киднапирале опозиционерката, одведувајќи ја во минибус, по што таа не одговарала на телефонските повици. Полицијата негираше дека опозицонерката е уапсена.

„Ние сме многу загрижени за г-ѓа Колесникова. Бараме да се разјасни каде се наоѓа таа и бараме ослободување на сите политички затвореници во Белорусија,“ порача германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас преку налогот на Министерството за надворешни работи на Твитер.

Колесникова е еден од водачите на протестите против Лукашенко, кои избувнаа откако претседателот, кој е на власт од 1994 година, победи со големо мнозинство на изборите во јули, а опозицијата го обвини за уште поголем фалсификат и кражба на изборната волја на граѓаните.

Истакнатата опозиционерка Колесникова исто така е член на опозицискиот Координативен совет, кој е под истрага на белоруските власти.

„Германија, која е актуелен претседавач на Европската унија, работи напорно на пакетот санкции на ЕУ против лидерот во Белорусија,“ додаде Мас. Тој рече дека континуираните апсења и насилства врз членови на опозицијата и демонстранти во Белорусија, како последниот случај од неделата, кога повеќе од 600 демонстранти беа приведени, се неприфатливи.

„Секој што гледа слики со мирни демонстрации од Минск не може да ги затвори очите пред фактот дека луѓето бараат промена на политиката и стилот на лидерство“, напиша Мас.

Тој додаде дека Германија и други европски земји во повеќе наврати побарале од Лукашенко да почне политички дијалог со опозицијата, но дека ова барање е игнорирано.

„Ако господинот Лукашенко не го смени својот курс, ние во ЕУ ќе реагираме“, напиша Мас.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски