Италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи е претседател на годинешниот Венециски филмски фестивал, соопштија денес организаторите на фестивалот најавувајќи дека станува збор за „еден од највлијателните режисери во историјата на филмот“.
Бертолучи кој е режисер на култните „20-тот век“, „Последниот кинески цар“, „Последното танго во Париз“ ќе ја предводи жири-комисијата која ќе одлучи за добитникот на Златниот лав на 70-тиот Венециски филмски фестивал кој ќе се одржи помеѓу 28-ми август и 7-ми септември.
Бертолучи кој претседаваше со жирито на фестивалот во 1983-та година изјави дека фестивалот „успева да ги осветли најмистериозните филмски нишки од најмистериозните земји во светот“. Директорот на фестивалот, Алберто Барбер пак изјави дека мал е бројот на режисерите како Бертолучи кои успеваат долгогодишното искуство да го соединат со сегашната кинематографија.