Вчера вечер, на полноќ на улицата „Борка Талески“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода 22-годишната К.П. од Скопје бидејќи физички нападнала полициски службеник при постапување по претходна пријава.
Б.Ј. на 26-годишна возраст од Скопје пријавил дека половина час порано на раскрсница помеѓу улицата „20-ти Октомври“ и улицата „Борка Талевски“, додека бил заедно со С.Ј.(19) и Б.Ј.(26), двајцата од Скопје, бил физички нападнат од К.П. .
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.