„Universal Pictures“ го објавија најновиот трејлер за филмот за Џејмс Бонд, 25 по ред, во кој главната улога повторно е доделена на Даниел Крејг и тоа петти и последен пат како познатиот британски агент.
Трејлерот го прикажува Бонд кој се враќа од пензија, откако го регрутираат за да го пронајде исчезнатиот научник. Набрзо навлегува во опасната мисија во која му се спротивставува неговиот најнов опонент Сафин, чиј лик го толкува Рами Малек, наведува People.