Израел: Русија да не и го продава на Сирија противвоздушниот систем С-300

Од:

Израел побара Русија да не и го продава на Сирија усовршениот противвоздушен систем С-300, кој би му помогнал на претседателот Башар ал Асад да спречи евентуална странска воена интервенција, соопштија израелски официјални претставници.

Весникот „Волстрит џурнал“, цитирајќи американски претставници, вчера објави дека Израел ги информирал САД дека Сирија веќе започнала со плаќање на 900 милиони долари за откуп на С-300, а првата испорака е предвидена за следните три мисеци.

Системот С-300 уништува авиони и ракети на растојание од 200 километри.

Изразуваме незадоволство за оваа продажба пред Русите и Американците да го направат истото, истакна израелски официјален претставник.

Аналитичарот од специјализираното издание за воени прашања „Џејнс“ Роберт Хјусон изјави дека дури Сирија и да ги добие системите С-300, веројатно ќе и бидат потребни неколку месеци за да ги употреби.

Би можело да ве интересира

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Предраг Петровиќ

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Десничарската АФД за првпат избира кандидат за канцелар