САД изразија сериозна загриженост поради труењето на Навални

Од:

САД изразија „сериозна загриженост“ поради тоа што властите на Германија откриле дека опозицискиот политичар Алексеј Навални бил отруен со нервна-паралитичка супстанца од руско производство, соопшти синоќа Стејт департментот.

На средбата на земникот државениот секретар Стивен Биган со рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, Биган укажал дека користењето на Москва на тоа хемиско оружје е јавно прегазување на обврските на Москва на Конвенцијата за забрана на употреба на хемиско оружје.

-Заменикот државен секретар ја повика Русија на целосна соработка со меѓународната заедница во истрагата за ово напад, се вели во синоќешната официјална изјава на портпаролот Морган Ортагус.

Навални е во болница во Германија, каде поминува критична процедура на лечење.

Германските власти завчера изјавија дека опозиционерот бил отруен со нервно-паралитички гас од групата „Новичок“, создадена во советско време. Берлин исто така побара изнесување на одговроните пред лицето на правдата. Русија сеуште не покренала истрага за ова злодело и изјави дека нема докази за криминал.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“