А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од Груевски до Медведев за Денот на победата над фашизмот

by А1он09/05/2013 - 14:10121
Share0

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска, по повод Денот на победата над фашизмот,  упати честитка до својот руски колега Димитриј Медведев.

Добивај вести на вибер

– На овој датум се присетуваме на храброста и самопрегорот, на големиот број херои и огромниот број жртви, пред се на руска страна, кои беа дадени за победа врз силите на сите оние кои за  време на Втората светска војна застанаа на страната на теророт и најгрубото газење на човековото достоинство и цивилизациски норми. Во таа борба, во која една од главните улоги ја имаше рускиот народ, застана и народот на Македонија, определувајќи се за антифашизмот, бранејќи ја со своите животи правдата и слободата. Денес,  празнувајќи го 9-ти Мај, се поклонуваме пред таквата определба и пред големото дело на славната историја!, наведува Груевски во честитката.

Искажува огромна почит на сите оние кои се водеа од вредностите и од антифашистичките идеали во минатото и упатува порака за посветеност и целосна приврзаност кон современите демократски принципи, за соработката помеѓу народите и почитување на меѓународното право и правдата.

– Овој датум претставува уште еден заеднички симбол на длабоките и пријателски, историски, културни и духовни врски помеѓу Македонија и Русија. Верувам дека таквите врски ќе продолжиме да ги негуваме и соодветно унапредиме во секое поле од заеднички интерес, се вели во честитката.

premier

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он03/12/2025 - 19:5403/12/2025 - 20:00

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08

Францускиот премиер поднесе оставка

Горан Наумовски06/10/2025 - 10:17

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски09/09/2025 - 20:1809/09/2025 - 20:18

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски02/09/2025 - 21:0902/09/2025 - 21:09

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Горан Наумовски29/08/2025 - 07:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен