Во Ирак се урна воен хеликоптер за време на спасувачка акција

Од:

Воен хеликоптер на ирачките вооружени сили се урна за време на акција за спасување на повеќе семејства од подрачје во близина на градот Кут, во јужен Ирак, кое е зафатено од поплави, јави Анадолија.

Претставник на воените сили ја потврди хеликоптерската несреќа, која се случила во областа Сејх-Сад во близина на градот Кут. Тој истакна дека несреќата се случила за време на акцијата за спасување на повеќе семејства, кои останале заробени во нивните домови поради поплавите.

Несреќата се случула, откако леталото удрило во далновод, а во неа нема настрадани. Обилните врнежи од почетокот на мај предизвикаа поплави во јужниот дел на Ирак, повеќе илјади лица се погодени, а десетици илјади хектари обработлива површина се поплавени.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак