ВИДЕО: Силна експлозија создаде огромен пожар во Англија, евакуирани двесте лица

Од:

Експлозија создаде огромен пожар во индустриска област во Кент, што се наоѓа во југоисточниот дел на Англија.

Противпожарната служба објави дека  200 лица се евакуирани од областа.

Во извештајот на локалното противпожарно одделение стои дека експлозијата била почувствувана утрово, околу 4:30 часот по локално време.

Седум часа подоцна, пожарникарите на Твитер соопштија дека сè уште се обидуваат да го стават големиот пожар под контрола.

Видеата што се споделуваат на социјалните мрежи покажуваат огромен пламен и појава на црн чад кој се издига високо на небото.

На луѓето кои живеат или работат во непосредна близина на несреќата им беше препорачано да ги затворат вратите и прозорците за да се заштитат.

Би можело да ве интересира

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он