„Борка“ дел од „Race for the cure“, со дигитално учество може да им се помогне на болните од рак на дојка

Од:

Здружението „Борка – За секој нов ден“ е дел од најголемата хуманитарна трка/прошетка во Европа „Race for the cure“. Овој спортски и хуманитарен настан што ги обединува луѓето погодени од рак на дојка и нивните семејства и пријатели ќе се одвива на 25, 26 и 27 септември преку глобална дигитална платформа преведена на 24 светски јазици на која луѓето ширум Европа се поврзуваат преку онлајн регистрација за прошетка или трка во нивниот град, населба, локална заедница, беше истакнато на денешната прес-конференција на Здружението.

Со учество во дигиталната „Race for the cure“ граѓаните им помагаат на луѓето кои страдаат од рак на дојка со собирање на потребните средства и подигање на јавната свест за оваа болест. Преку донации или плаќање на симболична сума за регистација од 300 денари на платформата www.raceforthecure.eu, станувате дел од дигиталната заедница, ја подигнувате свеста за ракот на дојка и придонесувате за различни форми на помош за болните од рак на дојка. Собраните средства се исклучително важни, бидејќи годишно во Европа се дијагностицираат 500.000 нови случаи на рак на дојка, а за жал 130.000 луѓе го губат животот, информираат од Здружението.

Поради епидемиолошката состојба, како што посочуваат годинава нема да можат да направат класична трка, но извесно е дека ќе ја продолжат традицијата и нивната добро позната Розова прошетка, што ќе ја реализираат по 12-ти пат. Годинава под името „Race for the cure” Розовата прошетка ќе се одвива во 14 градови во Македонија, а истовремено ќе може да се следи и онлајн на социјалните мрежи.

– Во сите градови каде што имаме наши координатори ќе направиме прошетки и ќе го одбележиме овој настан. Среќни сме што наидовме на огромна поддршка од градоначалниците и сите со кои имавме средби безрезервно ќе ни се приклучат. Веќе имавме среби со градоначалниците на Ресен, Охрид, Битола и Прилеп, а во деновите што следат листата на градови значително ќе се зголеми, вели Биба Додева, претседател на „Борка“.

Сè што треба граѓаните да направат е да се регистрираат на пратформата, да направат тим и да се подготват за три километри прошетка или пет километри трка. Може да бидат каде сакаат, почитувајќи ги здравствените препораки од Министерството за здравство. Може да пешачат или трчаат во нивното соседство, град или село, дури и да трчааат во затворено на трака за трчање, орбитрек, статичен велосипед или во теретана и да се поврзат со илјадници луѓе низ цела. Прирегистрацијата може да се избере личност или мотив за учеството, да се посвети персонализирана порака, да се прикачи фотографија или видео за поддршка на одредена личност или организација. Под мотото – „Да останеме безбедни, да останеме поврзани“, а со споделувањето на социјалните мрежи сите придонесуваме за подигнување на јавната свест за оваа болест, потенцираат од Здружението.

– Ковид пандемијата ги стави на чекање пациентите кои се борат со ракот. Затоа, повеќе од кога било им е потребна нашата поддршка. Статистиките велат дека на глобално ниво во 2018 година бројот на новодијагностицирани од карцином на дојка биле 2.088.849 нови случаи, додека бројот на смртност бил 626.679. Во Македонија се дијагностицираат три до четир случаи секој ден, вели Додева.

Од Здружението ги повикуваат сите граѓани, активисти, волонтери, поддржувачи, медицински лица, пациенти и излекувани од оваа болест да ни се придружат и да пешачат или трчаат во чест на оние кои се борат, како и во чест на оние кои ја изгубиле битката со карциномот на дојка и прерано не напуштиле.

„Борка“ е полноправен член на „Think Pink Europe“, европска Алијанса за борба против рак на дојка, а веќе 11 години секој октомври ја организира националната кампања за борба против ракот на дојка и манифестацијата „Напред розово”, која од годинава прераснува во „Race for the cure“, информираат од Здружението.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти

Предраг Петровиќ

„Приказната продолжува“ за децата кои победиле канцер: Старото училиште во селото Кучково станува Регионален центар за рехабилитација

Национална конференција „Справување со предизвиците во борбата со ракот на дојка“

А1он

„Борка“: Да се овозможат навремени прегледи за рано откривање на ракот на дојка

Ана Ололовска