Осомничен лидер на група ромски питачи, кои дејствувале во Франција и Швајцарија, беше уапсен во Франција, а неговите двајца помагачи се ставени под судска контрола.
„Триесет и осумгодишниот маж е од романското село Барбулешти, североисточно од Букурешт, како и другите членови на групата. Тој е уапсен под обвинение за експлоатирање на питачи преку организирана криминална група“, изјави полицискиот комесар од источниот француски град Анмас, Филип Гуфон.
Вкупно 50 Роми беа уапсени на 19 у 20 јуни во Анчас и девет од нив се во притвор. Градот се наоѓа во близина на швајцарската граница.
Шефовите на групата прибирале 90 проценти од испросените пари.
Над 112.000 евра биле префрлени за 14 месеци на членови на семејството на главниот осомничен во Романија.