Орбан: Унгарија под оклоп го чека вториот бран на епидемијата на коронавирус

Од:

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја „под целосен оклоп“ го очекува вториот бран на епидемијата на коронавирус.

Во неделното интервју за Радио Кошут, Орбан рече дека неговата влада мора да се фокусира на спасување животи, особено стари лица, како и обезбедување на потребните услови за училиштата и зајакнување на економијата.

Тој апелираше до младите да ги следат превентивни мерки, додавајќи дека животот на нивните родители и баби и дедовци, пред сè, зависи од нив.

Според МТИ, Орбан вели дека меѓу 1,7 и 1,8 милиони жители на Унгарија пополниле консултативен прашалник за превентивните анти-епидемиски мерки, кои им биле доставени од властите.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд