Од денеска до 14 мај во „Сцена 105“ на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи ревија на руски филмови.
Ревијата ја организира Центарот за култура во соработка со Филмскиот фонд на Македонија, поддржана од Амбасадата на Руската федерација, Министерството за култура и Рускиот културен центар во Софија.
Ревијата се одржува по повод 9 ти Мај – Државниот празник на Руската федерација.
Во рамки на ревијата ќе бидат прикажани филмовите „Една војна“, „Поп“, „Ние сме од иднината“, „Ѕвезда“, „Ослободување“ и „Жеравите летаат“. Проекциите се секој ден од 20 часот.