Во време на голема напнатост меѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран, од официјална Анкара е најавено дека руската воена морнарица ќе одржи маневри со боево гаѓање во реонот.
Турција и Грција се спорат околу правата за експлоатација на поморските наоѓалишта на фосилни горива.
Во официјалната најава се вели дека руските поморски сили ќе одржат маневри во периодот од 8 до 22 септември и од 17 до 25 септември во делови на источниот Медитеран, поточно, во делот каде што се движат турските истражувачки бродови.
Официјална Москва досега се нема огласено по повод турската најава која следуваше откако САД соопштија дека делумно се укинува 33-годишното ембарго за извоз на оружје во етнички поделениот Кипар.