„Опера за три гроша“ од Брехт премиерно во изведба на Тетовскиот театар

Од:

Актерите од Тетовскиот театар утре и задутре премиерно ќе го изведат делото „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт. Претставата ќе биде изведена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, со почеток во 19 часот.

Поради пандемијата, претставата нема да биде отворена за пошироката јавност, а ќе ја следат само луѓе со покани.

-Премиерата на оваа претстава е на 4 и 5 септември со поинаква затворена премиера поради ситуацијата со пандемијата. Ќе има одредена публика со мал број на посетители, претежно колеги од областа на театратска дејност и новинари. Знаме дека подолго време тетовската публика не гледала претстава, па се надевам дека ова ќе биде надминато и луѓето кои се жедни за театар ќе има можност да гледаат претстава во иднина, изјави на прес-конфренција Адриан Азири, актер кој ја толкува главната улога.

Претставата „Опера за три гроша“ е во режија на Ќендрим Ријани. Сценографијата е на Петрит Бакали, а костимографија на Марија Пупучевска.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“