Група американски сенатори бараат нови санкции против Иран

Од:

Двопартиска група американски сенатори инсистира на нова серија санкции против Иран, што ќе има за цел да ја парализира економијата на земјата и да спречи секакви нуклеарни амбиции, соопштија американските медиуми.

Законскиот предлог предвидува казни за секоја финансиска институција во светот која ќе му помогне на Иран со странска валута. Тоа ќе го блокира достапот на Техеран до странски валутни резерви и ќе ја ограничи неговата способност да тргува со странски пари, вклучувајќи го и еврото.

Групата наведува дека иранската влада, вклучувајќи ја и Централната банка на Иран, имаат сметки во различни делови на светот со резерви во странска валута. Иран често пати ги конвертира во локалната валута за да ги искористи при увоз или други финансиски зделки.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа