Концертот „Ну погоди!“ со Меџикал оркестар и Џијан Емин утревечер во Гостивар

Од:

Во рамките на Парк фестивалот во Гостивар, утре, на 4 септември ќе настапи симфонискиот оркестар „Меџикал“ под диригентската палка на Џијан Емин, со грандиозниот проект „Ну погоди!“.

Мултимедијалниот настан „Ну погоди“, кој беше премиерно изведен минатото лето на настанот „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк во Скопје, утревечер ќе биде реализиран во Гостивар, повторно под отворено небо. Голем симфониски оркестар, бенд, вокален ансамбл, диригент и видео-проекции, го чинат проектот „Ну погоди!“ кој ја носи музиката од некои од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, а кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години – „Балтазар“, „Мечето Ушко“, „Козле Бозле“, „Ну Погоди“…

Темите од концертот се во аранжман на Владимир Николов и изведени во живо, ќе ги следат анимираните филмови што публиката ќе може да го види на големите платна на кои ќе се одвиваат видео-проекциите.

Џијан Емин е еден од најистакнатите музички уметници во земјава, кој зад себе има реализирано мноштво авторски проекти од различни жанрови и форми во земјава и во странство, тежнеејќи да претстави една нова музичка перцепција, да наметне нова звучна естетика која се базира на неговото навистина огромно искуство како уметник.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска