Во Друштвото на писатели на Македонија вечер ќе биде промовирана поетската книга „Во време на суша“ од Ричард Беренгартен, во рамки на одбележувањето на Деновите на културната разноликост и на 9 мај – Денот на Европа.
Промотор на делото ќе биде Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје, а поздравна реч ќе имаат академик Катица Ќулафкова, потпретседател на Меѓународниот ПЕН, главен уредник на Разноликост и професорот Веле Смилевски претседател на Собранието на ДПМ. Обраќање ќе има и авторот на поетската книга Ричард Беренгартен.
Беренгартен е европски поет кој пишува на англиски јазик. Роден е во Лондон 1943 година. Живеел во Италија, Грција, поранешна Југославија и САД, а во моментов живее и работи во Кембриџ, Англија. Неговите поетски книги се објавени на 90 јазици, меѓу кои и на македонски. Добитник е на голем број поетски признанија.