Киднапираните жени во Охајо биле врзани во синџири и јажиња

Од:

Синџири и јажиња се пронајдени во куќата во американскиот град Кливленд, во државата Охајо, од која беа спасени жените киднапирани пред десет години, изјави денеска градоначалникот на локалната полиција.

Имаме потврда дека тие биле врзувани, пронајдовме синџири и јажиња во ходникот на куќата, рече Мајкл Макграт.

Дваесет и седугодишната Аманда Бери, 23-годишната Џина Дехесус и 32-годишната Мишел Најт беа ослободени од заробеништво во понеделникот вечерта.

Тие биле киднапирани соодветно пред десет, девет и 11 години.

Во куќата имало шестгодишно девојче – ќерката на Аманда Бери, родена во заробеништво.

Полицијата ги уапсила осомничените грабнувачи – браќата Ариел, Онил и Педро Кастро .
Началникот на полицијата на Кливленд истакна дека тројцата оосмничени се сослушувани од агенти на ФБИ и службеници на локалната полиција и се очекува подоцна денеска да им бидат покренати обвиненија.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа