Египет повторно дозволи бикини и алкохол на плажите

Од:

Министeрoт зa туризам на Египет Хушам Зазу пред неколку дена соопшти дека неговата земја е отворена за туристите кои консумираат алкохол и носат бикини, за да може да привлече најмалку за петина повеќе туристи отколку што беше случајот лани.

Туризмот е еден од главните столбови на египетската еконимија, а по револуцијата во која од власта беше соборен Хосни Мубарак, оваа стопанска гранка трпи сериозни последици, бидејќи Египат го посетуваат се помалку гости.

Министерот за туризам изјави дека владата постигнала неколку значајни унапредувања во секторот на туризмот, како и дека со радикалните муслимански групи кои се залагаат за забрана на алкохолот и носењето бикини е постигната спогодба забраните, сепак, да не се применуваат.

-Бикинито е добредојдено во Египет, а алкохолот и натаму се служи во рестораните, рече Зазу при посетата на Обединетите Арапски Емирати. „Имавме разговори со радикалните салафитски групи и тие го разбираат значењето на туризмот за Египет, но се уште има поединци кои се залагаат за забрана, иако, тие гласови не доаѓаат од редовите на лидерите“, додаде тој.

Владата на претседателот Мухамед Морси неодамна донесе одлука да ги зголеми данокот и таксите на алкохолот, но овие мерки многу брзо ги повлече, по критиките на либералите и на туристичкиот сектор.

Пред востанието во кое Мубарак беше соборен од власта туризмот во Египет носеше речиси десетина од општествениот бруто производ. Во 2010 година земјата ја посетија приближно 15 милиони туристи кои во Египет оставија речиси 13 милијарди долари, но приходот следните години речиси се преполови заради помалиот број гости.

Според министерот за туризам, во 2012 година дојде до делумно заздравување во туристичкиот сектор. Египет минатата година го посетиле околу 11,5 милиони туристи кои генерираа приход од околу 10 милијарди долари.

Во првиот квартал од оваа година Египет го постија околу три милиони туристи, 14,6 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Египетската долгорочна туристичка стратегија е до 2022 година во земјата да привлече 30 милиони туристи и да оствари приход од 25 милијарди долари и таа се смета за еден од најважните државни приоритети.

За да се помогне за што побрзото остварување на овој план Министерството за туризам во главните туристички места инсталира камери кои на веб сајт во живо го прикажуваат тоа што во нив се случува.

-Сакаме на луѓето да им покажеме дека се безбедни во Египет, а најдобар начаин за тоа е луѓето, во реално време, да можат да видат што се случува во одморалиштата.

Следниот чекор е овие призори јавно да ги прикажуваме на големи екрани во градовите во светот, како што се Париз и Њујорк, рече египетскиот министер за туризам.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски