Велјаноски ја очекува опозицијата в понеделник на координација

Од:

Претседателот на Собранието ја разбира иницијативата на опозициските пратенички групи за практикување на надзорната функција на парламентот, која од непознати причини повеќе од една година не ја спроведува.

„Во насока на примена на членот 24 став 4 од Законот за Собрание, каде е дефинирано одржувањето на надзорните расправи во понедлник во 10 часот ве очекувам на редовна координација . Во тој член е предвидено: претседтателот на Собранието со потпретседтаелите и координаторите на пратеничките групи прави годишна проекција за одржување надзорни расправи во поглед на нивниот број, динамика на одржување и други аспекти согласно средствата и условите со кои располага Собранието во тековната година“, се вели во писмената реакција од кабинетот на Вељановски.

Опозицијата на брифинг со новинарите, рече дека поради некоректниот и потценувачки однос на Велјаноски не се враќаат на координациите, и дека барањето за надзорни расправи не треба да се врзува со ова, бидејќи на тоа претседателот на собранието е обврзан со законот за Собрание.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба