Најмногу милионери живеат во Токио, а милијардери во Њујорк

Од:

Најмногумилионери живеат во Токио, а милијардери во Њујорк, покажаа податоците на британската компанија Велтинсајт, која го претстави рејтингот на градовите во светот според бројот на доларските милионери и милијардери.

Во Токио живеат 461 илјада милионери, во Њујорк, кој е на второ место живеат 389 илјади, а на трето место е Лондон со 281 илјада милионери, а Москва со 101 илјада милионери ја затвора листата од првите 20, пишува рускиот весник „Комерсант“.

Лондон, како место за живеење го преферираат мултимилионери (со повеќе од 30 милиони долари), каде има 4.224 такви лица, на второ место е Токио со 3.525, на трето Сингапур со 3.154, додека Њујорк со 2.929 мултимилионери е на четврто место. Оваа листа ја затвора Рим, каде според податоците на Велтинсајт живеат 945 мултимилионери.

Њујорк е на прво место според бројот на милијареди (70), а на второ место со 64 е Москва. Според прогнозите на Велтинсајт до 2020 година САД ќе бидат на прво место во светот според бројот на милионери, кои тамуживеат. На второ место ќе биде Кина, а на трето Јапонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница