Литванија, Летонија и Естонија ќе воведат санкции против триесетина белоруски претставници, вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко, соопшти денеска литванскиот претседател Гитанас Науседа.
Ова е прва листа, која ќе биде понатаму проширена, со цел да се санкционира, како што е наведено во Вилнус, белоруското политичко раководство за неправилности и манипулации за време на изборниот процес.