Поради пандемијата на коронавирус, Њујоршката филхармонија, најстариот оркестар од ваков тип во САД, ги затвори вратите на својата концертна сала – познатиот „Линколн центар“, во март годинава… Па, во обид да ја врати својата публика, пред неколку дена оттаму најавија своевидна патувачка турнеја.
Предводничката на Филхармонијата, виолинистката Дебора Борда дошла до идеја оркестарот да изнајми камион со којшто, заедно со дел од придружниот персонал и потребната опрема, музичарите (или барем дел од нив) ќе патуваат низ сите пет општини на Њујорк секој викенд. Тие ќе настапуваат на јавни површини, како што се градските паркови.
Концертите би траеле најмногу 15 минути, а нивните места не се објавуваат однапред, за да се задржи што е можно помал број посетители заради спречување на ширењето на заразата со коронавирусот.
Поради Ковид-19, музичарите повикуваат на применување строги хигиенски мерки за време на настапите, а самите тие ќе се тестираат ден или два пред секој од настап.