Трамп посети делови од Луизијана и Тексас погодени од ураганот „Лора“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера ги посети крајбрежните делови на Луизијана и Тексас во Мексиканскиот Залив, кои беа тешко погодени од ураганот „Лора“.

Делови од овие држави се без електрична енергија и вода, а операциите за расчистување се одвиваат во услови на топло и влажно време.

Најмалку 14 лица загинаа кога ураганот од четврта категорија ја погоди таа област во четвртокот наутро. Повеќе од половина од жртвите се отруени од јаглерод моноксид поради неправилна употреба на генератори.

Трамп прво го посети Лејк Чарлс во Луизијана, град со околу 80.000 жители, кој претрпе големи штети. Претседателот ќе го посети и блискиот ринџ во Тексас, град со повеќе од 18.000 жители во област чија економија зависи од фабриките за хемикалии.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот вели дека областа имала среќа затоа што „Лора“ направила благо свртување кон исток, а со тоа биле спречени големите бранови кои ги предвидоа метеоролозите.

Еден ден пред посетата на регионот, Трамп прогласи состојба на природна катастрофа во Луизијана, што отвора средства од федералниот буџет за помош на пет окрузи кои беа на директниот пат на ураганот.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп