Во Гостивар одиграна првата претстава пред публика во затворен театар во Македонија од февруари

Од:

На големата сцена на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, најмладиот професионален театарски ансамбл во Македонија вечерва премиерно пред домашната публика ја одигра претствата „Полковникот птица,“ која е првата театарска претстава одиграна во затворена сала и пред публика по шестмесечен прекин поради пандемијата.

Претставата, во согласност со заштитните мерки против ширењето на коронавирусот, ја следеа ограничен број љубители на театарската игра, кои на крајот не ги штедеа аплаузите за актерската екипа. Вкупно вториот проект на гостиварскиот театар е заснован на текст на Христо Бојчев, а претставата ја имаше својата премиера на фестивалот „Охридско лето“ на 26 август.

Режисерот Андреј Цветановски вели дека претставата е базирана на трагикомедија која се занимава со исклученоста на поединецот.

Покрај Ѓорѓи Нешкоски, кој ја толкува главната улога, и Марија Кондовска како гости, улогите во претставата ги толкуваат актери од матичната куќа: Елизабета Клинчаревска-Младеновска, Марко Дојоски, Береда Решит, Аријан Ејупи, Дритон Љазами, Кујтиме Ахмети, Ајше Усеини и Берат Махмути. Сценограф и костимограф е Сергеј Светозарев, а музиката е на Димитар Андоновски.

Текстот „Полковникот Птица“ беше првпат поставен на сцена во Македонија во 1998 година, во продукција на Народниот театар од Прилеп. Во него се зборува за група ментално растроени луѓе кои живеат во лудница. По сплет на околности тие се организираат да одат до Стразбур за да го изложат својот проблем.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“