Во ураганот Лаура загинаа најмалку 14 лица

Од:

Најмалку 14 лица загинаа кога ураганот Лаура ги погоди американските држави Луизијана и Тексас како ураган од категорија 4.

Брегот на Луизијана, кој е уништен од ураганот, денеска почна да се враќа во нормала, но стотици илјади луѓе сè уште немаат струја и вода.

Како што пренесуваат странските агенции, можно е струја и вода да нема уште неколку недели, па дури и подолго.

Илјадници луѓе, кои ги напуштија своите домови во пресрет на невремето, по враќањето наидоа на куќи без покрив и патишта покриени со урнатини.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја посети областа и ќе ја процени предизвиканата штета.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“