Со одигрувањето на трите натпревари од последното (10.коло) вечрва ќе заврши втората фаза од кошаркарското првенство на Македонија.
Веќе се познати четирите екипи кои ќе разигруваат за шампионската титула и од кои стaртни места ќе го започнат плеј-офот. Од денешните средби само дуелот во Кавадарци меѓу Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром ќе има резултатско значење. Евентуална победа на гостинот од Скопје ќе значи предност пред почетокот на плеј-офот со 1-0 во победи поради, во спротивно двете екипи почнуваат од нула.
Освен натпреварот Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром, во 10.коло уште играат: Кожув – Лирија и Работнички – Куманово. Почетокот на сите натпревари е од 19 часот.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 8-1 (победи-порази), Кожув 6-3, Работнички 5-4, Фени Индустри 4-5, Куманово 3-6 и Лирија 9-1.