Лукашенко: Ситуацијата во Белорусија се стабилизира

Од:

Ситуацијата во Белорусија, каде по претседателските избори избувнаа протести, се стабилизира и сега е време да се решат економските проблеми, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Хаосот на протестите во Белорусија е при крај, дојде време да се решат економските проблеми, рече Лукашенко за време на посетата на компанијата „Савушкин-Орша“.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август.

Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,10 проценти од гласовите, додека Светлана Тихановскаја, која се смета за негов главен ривал, доби 10,12 отсто од гласовите.

Откако резултатите од излезните анкети беа објавени доцна вечерта на 9 август, избувнаа масовни протести во центарот на Минск и другите градови, на кои на почетокот имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад