Вељаноски во официјална посета на Ирска

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Ирска на највисоко државно ниво. Дводневната официјална посета на Ирска, која претседава со Европската унија, е на покана на претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска, Шон Берет.

Во состав на собраниската делегација се и пратениците Александар Николоски, Неџати Јакупи и Панче Орцев.

Вељаноски, покрај средбата со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Берет, ќе оствари средба и со претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс и министерот за европски прашања Лусинда Креитон.

Собраниската делегација ќе има средба и со Заедничката комисија на Парламентот за европски прашања, со Ирско-македонската група за пријателство, како и со претставници на Македонската заедница во Ирска.

Во рамките на официјалната посета, предвидено е Вељаноски да присуствува и на седница на Претставничкиот дом на Ирска – Даил, како и на седница на Ирскиот сенат.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги