Кина го стопираше увозот на говедско месо чиј снабдувач е австралиската компанија „Џон Ди Варик“, затоа што во некои производи на таа компанија е пронајдена забранетата супстанција хлорамфеникол, соопштија кинеските царински органи.
Царинските органи во Кина побарале да почне целосна истрага за овој случај, како и извештај од австралиската страна во рок од 45 дена.