Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, по првиот меч.
Подобар од него, во второто коло, беше Григор Димитров. Мечот траше три часа и осум минути, а крајниот резултат беше 7:6, 6:7 и 6:3 за бугарскиот тенисер.
Турнирот во Мадрид се игра за награден фонд од 4.3 милиони евра.